Живееме во период кога на човештвото му се случува пандемија. Кога се надеваме на моќта на медицината и нејзината способност да го реши проблемот. Но, успешното надминување на оваа заразна болест во многу зависи и од нашиот однос кон неа. Начинот на пренесување не прави и нас одговорни во борбата со вирусот. Свесноста за вирусот, сериозниот пристап кон проблемот и грижливоста се најважни етички вредности при оваа борба. Лекомисленоста и несериозноста може дополнително да ги влошат работите. Поради начинот на пренесување мора особено да ја истакнуваме и одговорноста кон другите. Особено ако сме се веќе здобиле со болеста. Тогаш особено е значајно, совесно и одоговорно да се однесуваме кон другите се со цел да не ги заразиме.
Во време кога главниот предизвик ни е да си го заштитиме здравјето, оваа тема- Здраствена етика е можност да се стекнете со една повисока самосвест за важноста на здравјето во животот и како личноста сама да се грижи за истото.
За учениците од втора година - етика - комбинирана! Темата работна етика да си ја разработете оваа недела. Наредната ќе ви дадам прашања од истата кои треба да ги одговорите.