Бирото за развој на образованието согласно своите законски надлежности спроведува обуки за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата. Следејќи ги современите трендови во образованието, Бирото обезбеди Систем за управување со учење со чија помош ќе се следи и поддржува професионалниот и кариерен развој на наставниците.
Имајќи ја во предвид актуелната состојба со КОВИД-19 креиран е онлине курс на тема Реализација на наставата со користење на различни ИКТ средства за учење.
Овој курс треба да го проследат сите наставници задолжително за што и ќе добијат сертификат по успешно завршување на истиот.
Во прилог на оваа порака ви испраќаме и упатство за користење на системот за управување со учење и за пристап до курсот.
Упатство (насоки и совети) за реализација на далечинско учење во средното стручно образование
Н Е Д Е Л Е Н И З В Е Ш Т А Ј за реализација на далечинското учење, односно учење од дома,
со примена на средствата за електронска комуникација