Запишување на ученици во I година за учебната 2020/2021 година-јунски рок-трето пријавување

29.Јун.20

7:00 am - 1:00 pm

СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип

Запишувањето на ученици  во I година за учебната 2020/2021 година во јунскиот уписен рок-трето пријавување...

29.06.2020 - ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО I ГОДИНА

Запишувањето на ученици  во I година за учебната 2020/2021 година во јунскиот уписен рок-трето пријавување ќе се врши на 29.06.2020 година од 07.00-13.00 часот согласно објавениот оглас.

ВАЖНО: Согласно добиеното Известување бр. 13-6048/2 од 26.06.2020 година од Министерството за образование и наука се дава согласност за намалување на поените за упис на ученици во I година гимназиско образование од 60 на 50 со цел пополнување на слободните места предвидени во Конкурсот за запишување на ученици во средните јавни училишта за учебната 2020/2021 година.

Формулар - пријава за упис во средно училиште во учебната 2020/2021

Потребни документи за упис:

  • Пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подига во училиштето и истата е бесплатна);
  • Оригинал свидетелства од VI-IX одделение;
  • Дипломи од освоено I, II или III место од меѓународни или државни натпревари (доколку има освоено);
  • Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање).

 

ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЗАПИШУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

   

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година, најдоцна до 13.00 часот.