СОУ Наум Наумовски-Борче-Пробиштип

Добродојдовте на нашата веб страна

СОУ “Наум Наумовски-Борче” во Пеобиштип има долгогодишна традиција и училишна култура во воспитно-образовата дејност , добро организирана материјално-технички опремена кадровски екипирана институција. Училиштето врз основа на традицијата, и училишната култура образува ученици од гимназиското и стручното образование согласно со потребите на високо образовните институции и пазарот на трудот во регионот и пошироко.

Основна дејност на училиштето е реализирање на воспитно-образовен процес и оспособување на млада и креативна личност која што ќе одговори на потребите на пазарот на трудот или пак ќе го продолжи своето образование на некоја од високо образовните институции. Toj процес се состои во организирање и реализирање на квалитетна настава со што на секој ученик му се дава можност да постигне подобар успех, и да ги реализира своите потенцијални интелектуални и физички способности, креира свои ставови, мислења, вредности и ги реализира своите идеи, а со тоа и израсне во личност со изградени општествени и морални вредности.

Воспитно-образовната работа во  СОУ “Наум Наумовски-Борче” во Пробиштип се организира и реализира со квалитетна дидактичко-методска подготовка на раководниот и наставниот кадар за квалитетна реализација на наставните планови  и програми предвидени од Министерството за образование и наука за таа цел се користи современа компјутерска мрежа која е инсталирана во училиштето. Покрај тоа се применува и висок степен на раководење и примена на современа и флексибилна активна настава, информатичка технологија во наставниот процес, квалитетно организирање и реализирање на практичната настава, континуиран процес на професионален развој на наставниот кадар, континуирано и објективно следење на постигнатите резултати кај учениците, почитување на личноста на ученикот и наставникот, квалитетна педагошка евиденција, како класична така и современа електронска со примена на Е-Дневник и доследно спроведување на одлуките, заклучоците и мислењата донесени од страна на стручните активи, Наставничкиот совет, Советот на родители, Училишниот одбор, Министерството за образование и наука, како и Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука. Истовремено, активирање на групите за изработка на проекти значајни за училиштето, вклучување на поголем број на ученици и наставници-ментори во изработка на проекти значајни за развојот на училиштето и заедницата.