Реновирање на простории во гимназиската зграда

За време на користењето на годишниот одмор во СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип се изврши реновирање на просториите во гимназиската зграда. За реализација на оваа активност беше претходно спроведена јавна набавка во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година.

 Предмет на договорот за јавна набавка-градежни работи-Реновирање на простории во гимназиска зграда-лепење на подни плочки и молерофарбарски работи

-Поставување на подни плочки на подлога од терацо;

-Молерисување на ходници и училници со поликолор;

-Фарбање на радијатори и цевки за топловодно греење;

-Фарбање на внатрешни врати и каси со претходна финална обработка;

-Фарбање на степенишна ограда и светларник.

img 20160815 145152