Набавени и поставени сончеви колектори на новата спортска сала

За потребите на СОУ “Наум Наумовски-Борче”-Пробиштип преку спроведување на јавна набавка 04/2016, набавени се и поставени 4 сончеви колектори на новата спортска сала "Софија Петровска"

со што покрај заштедата на потрошувачката на ел. енергија за затоплување на вода ќе се создадат и подобри услови за одржувањето на настава по предметот Спорт и спортски активности, стручните предмети во спортската гимназија, активните секции на училишниот средношколски клуб “СРЕДНОШКОЛЕЦ”, како и за сите останати корисници на салата

14595564 1051668058265308 5066716110788705275 n