Picture1

Завршен испит

Завршен испит во четиригодишното средно стручно образование

Завршниот испит во четиригодишното средно стручно образование е наменет за учениците кои не се определиле за државна матура. Неговата улога е сертификатна.

Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети.
Завршниот испит се состои од: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
1. Задолжителниот дел се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.

2. Изборниот дел се состои од еден стручен наставен предмет, кој ученикот го избира од понудена листа на наставни предмети.

3. Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Проектната задача има за цел да ја провери оспособеноста на учениците за:
 самостојно планирање, проучување и истражување на одделни проблеми;
 самостојно користење на извори на информации и информатичка технологија;
 планирање и изведување на експерименти;
 презентирање на добиените сознанија од проучувањето.

Начин на проверка на знаењата, умеењата и способностите на учениците

Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за сите наставни предмети од задолжителниот, изборниот дел и проектната задача во рамките на завршниот испит, се врши интерно.
Испитните програми за испитите од завршниот испит се изготвуваат екстерно, а спроведувањето на испитите и оценувањето се изведува интерно и писмено од страна на училишни предметни комисии. По потреба, заради проверка на релијабилноста на оценувањето во различни училишта, одреден примерок на трудови може да бидат и екстерно проверени.
Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите за изготвување и презентирање на проектната задача се врши интерно.