Picture1

Државна матура

Државна матура во гимназиското образование 

Државната матура во гимназиското образование освен тоа што е во функција на завршен дел на средното образование, има за цел да послужи и за селекција на кандидатите при влез во високото образование. 
Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети. 
 
Државната матура се состои од: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача. 
1. Задолжителниот дел се состои од три општообразовни наставни предмети и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература, математика и странски јазик. 
 
2. Изборниот дел се состои од еден општообразовен наставен предмет, кој ученикот го избира од понудена листа на наставни предмети
 
3. Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области. 
 
Проектната задача има за цел да ја провери оспособеноста на учениците за: 
 самостојно планирање, проучување и истражување на одделни проблеми; 
 самостојно користење на извори на информации и информатичка технологија; 
 планирање и изведување на експерименти; 
 презентирање на добиените сознанија од проучувањето. 

 

Ученикот има право покрај четирите наставни предмети и проектната задача кои задолжително треба да ги полага, да избере и други, најмногу два предмети од листата на предмети за изборниот дел на државната матура. Овие дополнителни испити на ученикот му овозможуваат пошироки предуслови за влез во високото образование.

Начин на проверка на знаењата, умеењата и способностите на учениците

Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за сите наставни предмети од задолжителниот дел на државната матура се врши екстерно
. Секој од испитите се полага во два дела: електронски и писмено.
Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за наставниот предмет од изборниот дел на државната матура се врши интерно.
Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите за изготвување и презентирање на проектната задача се врши интерно.
Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите за секој од двата дополнителни испити се врши интерно.

 

Со Решение на министерот за образование и наука донесена е новата Концепција за државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование. Решението, Концепцијата, прилозите и динамиката на воведување на истата може да ги преземете во делот Државна матура -> Концепција.