Picture1

Училишна матура

Училишна матура во гимназиското образование

Училишната матура во гимназиското образование е наменета за учениците кои не се определиле за државна матура. Нејзината улога е сертификатна.
Училишната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети. Испитните програми за училишна матура се направени на пониско (базично) ниво во споредба со испитните
програми за државна матура.
Училишната матура се состои од: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
1. Задолжителниот дел се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.

2. Изборниот дел се состои од еден општообразовен наставен предмет, кој ученикот го избира од понудена листа на наставни предмети.

3. Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Проектната задача има за цел да ја провери оспособеноста на учениците за:
 самостојно планирање, проучување и истражување на одделни проблеми;
 самостојно користење на извори на информации и информатичка технологија;
 планирање и изведување на експерименти;
 презентирање на добиените сознанија од проучувањето.

Начин на проверка на знаењата, умеењата и способностите на учениците

Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за сите наставни предмети од задолжителниот, изборниот дел и проектната задача во рамките на училишната матура, се врши интерно.
Испитните програми за испитите од училишната матура се изготвуваат екстерно, а спроведувањето на испитите и оценувањето се изведува интерно и писмено од страна на училишни предметни комисии. По потреба, заради проверка на релијабилноста на оценувањето во различни училишта, одреден примерок на трудови
може да бидат и екстерно проверени.
Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите за изготвување и презентирање на проектната задача се врши интерно.