Picture1

ЕКО-училиште

Со интеграцијата на Еколошката едукација во македонскиот образовен систем ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на темата заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секодневниот живот.

Процесот да се стане Еко-училиште е сеопфатен. Функционира на начин на кој се вклучува целото училиште, учениците, наставниците и останатиот персонал, заедно со членовите на локалната заедница, родителите, локалните власти, медиумите и локалната бизнис зедница. Со него се охрабрува тимската работа како и заедничкото разбирање за тоа што е потребнода се води едно училиште на начин на кој се почитува и подобрува животната средина.

Со формирањето на еко-секцијата и еко-одборот, преку анализата на состојбата на животната средина, изработката на план на активности, следење и евалуација на напредокот, поврзување на заштитата на животната средина со редовната настава, информирање и вклучување на пошироката заедница и изработка на Еко кодексот и нашето училиште СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип сака активно да се вклучи и придонесе во развивањето и подигањето на еколошката свест кај младиот човек, а со тоа да го даде својот придонес кон светските напори за зачувување на планетата Земја.

ТРЕБА ДА СМЕ СВЕСНИ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ ЗА ДА ДОБИЕМЕ ИНСПИРАЦИЈА И ДА НАПРАВИМЕ НЕШТО ЗА ПРИРОДАТА.

АКЦИЈАТА СЕКОГАШ СОЗДАВА ИНСПИРАЦИЈА.

img 1803 - copy