Picture1

За проектот

Четиригодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието  ќе работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието ќе работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието го сочинуваат четири комплементарни компоненти:

  • Компонента 1: Информирање на јавноста и заедниците
  • Компонента 2: Градење на капацитетите на училишното раководство и наставниците
  • Компонента 3: Модел училишта
  • Компонента 4: Обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници

Во фокусот на проектните активности ќе бидат учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори во сите основни и средни училишта во Р. Македонија. Притоа, советниците од Бирото за развој на образованието и просветните инспектори на државно и регионално ниво исто така ќе имаат централна улога во постигнувањето на одржлива промена и ќе учествуваат во активностите за јакнењето на способностите. За успех на Проектот потребно е сите заинтересирани учесници од училиштата, заедниците и локалната власт да учествуваат во овие активности. Нашиот пристап во имплементирањето на Проектот ќе создаде средина во која сите страни активно ќе учестуваат во оваа иницијатива. Тие треба да ја разбираат важноста на меѓуетничката интеграција во образованието и кон овој Проект да се однесуваат одговорно и отчетно сѐ со цел да се постигне успех.

Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, Проектот ќе ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, така што во текот на Проектот тие ќе ја преземат одговорноста за постигнување на проектните цели и ќе станат двигатели на одржлива  промена. Со планот на Проектот, исто така, внимателно се прави редослед на активностите, така што во секоја фаза се градат способности потребни за фазите што следат. Најважно е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.