Picture1

Освоено одличното второ место во одбојка-машка конкуренција!

На Гимназијадата што се одржа во Охрид од 8 до 10.05.2014 година, СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип учествуваше во натпреварите во одбојка-машки, кошарка-женски и атлетика.

Голем успех постигна одбојкарската екипа под менторство на проф. Југослав Јакимовски, која го освои одличното второ место и учествуваше во финалниот натпревар против екипата од Струмица.

По тој повод, за одбојкарската екипа беше приреден свечен прием кај градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, при што им беше врачена Благодарница за постигнатиот успех преку капитенот на екипата Мартин Јовановски.

Забележителен настап имаше и женската кошаркарска екипа која сепак мораше да се задоволи со освоеното шесто место.

АКТУЕЛНОСТИ