Picture1

Дигитализација на таблоа од гимназиска зграда

    При изведбата на реновирањето на просториите во гимназиската зграда во , СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип, со претходна согласност од страна на Наставничкиот совет, беа тргнати сите поставени таблоа и складирани во соодветна просторија на претходната училишна библиотека. 

     По соодветното складирање беше извршено нивно фотографирање и дигитализирање во соодветен формат најпогоден за поставување на тргнатите таблоа на училишната веб страна www.nnaumovskiborce.edu.mk. На тој начин ќе се овозможи постојан и поедноставен пристап до овие таблоа, а истовремено ќе се создаде простор на ѕидовите во ходниците на гимназиската зграда погоден за постојано одржување на хигиенските услови што ќе влијае на подобрување на училишната клима и култура.

     Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за овој процес на дигитализација на таблоата поставени во гимназиската зграда што би овозможило  и негово проширување на таблоата од т.н. геолошка зграда.

 Ова е дигитализираното табло на I генерација на завршени средношколци-гимназијалци во "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип во периодот 1961-1965 година.

 Дигитализираното табло на 52-та генерација на завршени матуранти во СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип во периодот 2012-2016 година.

 

За полесно пребарување на дигитализираните таблоа подолу се поставени во помала резолуција.