Проекти

    При изведбата на реновирањето на просториите во гимназиската зграда во , СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип, со претходна согласност од страна на Наставничкиот совет, беа тргнати сите поставени таблоа и складирани во соодветна просторија на претходната училишна библиотека.       

     По соодветното складирање беше извршено нивно фотографирање и дигитализирање во соодветен формат најпогоден за поставување на тргнатите таблоа на училишната веб страна www.nnaumovskiborce.edu.mk. На тој начин ќе се овозможи постојан и поедноставен пристап до овие таблоа, а истовремено ќе се создаде простор на ѕидовите во ходниците на гимназиската зграда погоден за постојано одржување на хигиенските услови што ќе влијае на подобрување на училишната клима и култура.