Спортска гимназија

Во учебната 2010/2011 година  во СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип се отвора нова струка 

Во интерес на придобивка на развојот на образовните сфери на дејствување и следењето на новото време и потребите што ги налага истото, се воведува нова паралелка спортска гимназија. Со оглед на можностите на градот Пробиштип за искористување на сите постоечки капацитети на спортски објекти со кој располага општината, идејата која потекнува од СОУ„Наум Наумовски-Борче„ од раководниот кадар, за отварање на спортска гимназија е подржана од Советот на општината и Министерството за образование и наука на Р. Македонија и истата реализирана во учебната 2010 /2011година. Од таа учебна година почнува да функционира Спортската гимназија во училишниот центар. Спортската гимназија повторно го враќа духот на училишниот центар да привлекува ученици од другите општини, како што се Кочани, Кратово, Штип, Делчево и други.

Нова струка

Нова струка отворена за потребите на учениците од нашата општина, како и за учениците кои пројавуваат интерес за овој вид на образование.

Наставен кадар

Располагаме со соодветно образован и обучен наставен кадар, а во училиштето егзистира и УСК "СРЕДНОШКОЛЕЦ".

Идеални услови

Училиштето располага со нова спортска сала, ракометарско игралиште со трибина. На користење е достапен и затворен спортски базен во основното училиште ООУ "Никола Карев" и голем број на спортски терени во градот Пробиштип..

Интернат

За учениците од другите општини обезбедено е бесплатно сместување во Студентскиот дом "Доне Божинов".