Донација на ХТЗ опрема за практична настава

Би сакале да изразиме огромна и искрена благодарност до менаџментот на фабриката ТАБ-МАК доо Пробиштип за донацијата на ХТЗ опрема за 30 ученици од машинската струка , за нивната несебичност и отвореност за соработка со нашето училиште.  

ХТЗ опремата согласно нејзината намена, ќе биде искористена за реализација на Практична настава на учениците вомашинската работилница во рамките на СОУ “Наум Наумовски-Борче” во Пробиштип,, како и при нејзината реализација во погонот за производство на акумулатори.

Донацијата се состои од рработни одела-панталони со прерамки и горен дел-палто со патент закопчување, заштитни кожени ракавици со горен дел поставен со памук   и заштитни наочари со регулирачки рамки со 99% UV заштита.и беше предадена од страна на Јасмина Бошевска Величковска-стручно лице за безбедност и здравје при работа во ТАБ-МАК доо Пробиштип  на Наталија Николова-директор на училиштето.