Донација на техничка опрема за реализација на ACCESS програмата

Би сакале да изразиме голема и искрена благодарност до Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) за донацијата на техничка опрема за реализација на ACCESS програмата во нашето училиште.

Техничката опрема согласно нејзината намена, ќе биде користена за реализација на Програмата за учење на англиски јазик (ACCESS) која е двогодишна програма, поддржана од Стејт департментот на САД наменета за учење на англискиот јазик, како и вештини за личен и професионален развој за талентирани ученици од социјално загрозени семејства.

ACCESS програмата, финансирана од страна на Амбасадата на САД во Скопје, започна со реализација во август 2020 година, во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип, а ќе го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Во рамки на ACCESS програмата, МЦГО, Општина Пробиштип и СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип воспоставуваат соработка за реализација на програмските цели и задачи.

Донацијата се состои од лап топ компјутер, ЛЕД проектор, мултифункционален принтер со копир и скенер  и  метален архивски ормар за чување на техничката опрема.