Свети Трифун се празнуваше во ССОУ „Киро Бурназ“-Куманово

Свети Трифун се празнуваше во ССОУ „Киро Бурназ“-Куманово

Во Земјоделското училиште „Киро Бурназ“-Куманово, нашето партнер училиште во рамките на ПМИО на 14.02.2015 година се празнуваше Свети Трифун, заштитникот на лозарите. По тој повод од нашето училиште на овој настан присуствуваа Ванчо Арсов-директор на СОУ „Наум Наумовски-Борче“-Пробиштип, Роберт Младеновски професор по германски јазик и член на СИТ и ученици.

Свештеник од Кумановско - осоговска епархија сечеше колач и го освети лозјето, а учениците говореа за делата на Свети Трифун, кој имал моќ да им помага на болните и немоќните. 

Директорката Весна Трајковска потсети дека во училиштето имаат 2 декари лозјет, кое им служи за практична настава на учениците.

Овој мал лозов насад е исклучиво за опитни цели. Засадена е сортата шардоне, што значи дека не е некоја погодна  сорта за овие услови, но ја засадивме за да видиме како ќе успее. Доста е млад овој насад, засаден е пред 7-8 години. Добро е учениците да видат како се закројува, одгледува, заштитува винова лоза и на кој начин се бере - изјави Трајковска.

Професорот Сашо Стефановски кој предава стручни предмети во училиштето вели дека годинава ќе биде родна за лозјето.

Мразот на почеток направи малку штета, но по дождливите периоди и сончевите денови се надеваме дека годината ќе биде родна. Се надеваме дека и во лето ќе има дождови - вели Стефановски.

Во „Киро Бурназ“ има засадено различни сорти на винови лози за едукација и практична настава на учениците од земјоделско ветеринарните струки, каде се образуваат повеќе од 200 ученици од прва до четврта година.

Следете не`