70 ГОДИНИ

СОУ "Наум Наумовски-Борче"-Пробиштип
Friday, 22 May 2020 09:32

конфликти - избегнување, разрешување, совладување

Напишано од Александар Богатинов
Конфликтите се нешто секојдневно во нашето однесување кон другите луѓе. Тие настануваат најчесто од две причини: недоволната размисла пред нешто да направиме; и недоволната емпатичност при однесувањето кон другите. Лекцијата ви нуди едно пооствестување за тоа како треба да ги избегнуваме, совладуваме, разрешуваме конфликтите. Прочитајте, размислете и покажете со пример за тоа како вие се однесувате при конфликт?!
За учениците од III-3! Ја почнуваме новата тема- Социјална етика и лекцијата Јас и Другите (стр.219-225). Во оваа лекција имате дистинкција во значењето на зборовите ближен и близок. Од етички аспект е направена анализа на нашето лично однесување кон другите. За дома: протолкувајте ги мислите во лекцијата од познатите етичари, со особено внимание прочитајте го текстот на Павао Вук-Павловиќ - 4 вида на луѓе;
Friday, 24 April 2020 09:03

дрога (стр. 212-219)

Напишано од
лекцијата припаѓа во етичката дисциплината - етика на здравјето, и ви претставува уште едно поучно четиво за една од најраспространетите чуми помеѓу младината - дрогата.
Wednesday, 22 April 2020 11:28

зависности

Напишано од Александар Богатинов
Wednesday, 15 April 2020 10:53

здраствена етика

Напишано од Александар Богатинов
За учениците од III-3! Лекција-Етика на здравјето (стр.195). Во време кога сите сме загрижени за личното и општото здравје на луѓето, и ги чувствуваме светските последици од една нова пандемија, оваа лекција ви дава можност малку да се поосвестите и поразмислете за значењето на здравјето за личниот живот.
Friday, 10 April 2020 08:32

еколошка етика

Напишано од Александар Богатинов

 Учебникот по Етика во својата форма на пишување наликува на една читанка со четива. Денешното четиво кое треба да ве побуди на размислување е Еколошка етика, тема: Биоетика; 

Wednesday, 08 April 2020 08:37

Биоетика

Напишано од Александар Богатинов

Во овие денови на уште построг карантин, имате изворедна шанса себе си духовно да се наддоградувате. Тоа ви го овозможува и учебникот по Етика, каде што за читање и размислување има интересни теми. Таква и е новата тема- Биоетика. 

Wednesday, 01 April 2020 09:59

поими од темата современи етички учења

Напишано од Александар Богатинов

за III-3 клас. Покрај тоа што треба да ги владеете овие поими , обидете се да одговорите на прашањата од крајот на темата. 

Friday, 27 March 2020 08:58

етика на грижата

Напишано од Александар Богатинов

За учениците од III-3 ! -Лекцијата Етика на грижата (стр137-141), да си ја научете и прашањата од стр141 да знаете да си ги одговорите. 

Проверка на учениците од претходно предадената тема- Алдехиди и Кетони, односно да си направат самопроверка.